Дали знаете дека Турција располага со 486 плажи наградени со Сино знаме?

Според вреднувањето за 2020 година на Меѓународната фондација за еколошка едукација (ФЕЕ) со седиште во главниот град на Данска, Копенхаген, Турција е на трето место меѓу земјите по бројот на плажите наградени со Сино знаме во светот, по Шпанија и Грција

1449428
Дали знаете дека Турција располага со 486 плажи наградени со Сино знаме?

Синото знаме, е меѓународна награда којашто се доделува на плажи и марини…

Оваа награда не се доделува само за плажи, туку истовремено се доделува и за марини и јахти кадешто се водат посебни напори за заштита на животната средина. Синото знаме е индикација дека овие плажи и марини посветуваат особено внимание на заштитата и управувањето со животната средина, се одржуваат активности за подигнување на јавната свест и голем број на критериуми поврзани со квалитетот на морската вода, безбедноста, услугите и капацитети коишто најдобро ги задоволуваат потребите и барањата на оние кои ги користат овие плажи или марини.

Според вреднувањето за 2020 година на Меѓународната фондација за еколошка едукација (ФЕЕ) со седиште во главниот град на Данска, Копенхаген, Турција е на трето место меѓу земјите по бројот на плажите наградени со Сино знаме во светот, по Шпанија и Грција.

Бројот на плажите во Турција  наградени со престижната награда за животна средина „Сино знаме“ оваа година се зголеми на 486, бројот на марините на 22, а на јахтите на 7. Плажите и марините на Турција наградени со Сино знаме се наоѓаат во градовите Анталија, Мугла , Ајдин, Измир, Баликесир, Истанбул, Самсун, Чанаккале, Киркларели, Коџаели, Дузџе, Орду, Мерсин и Ван.



Слични вести