Музејот за коса во Аванос во Кападокија, едниот од најчудните музеи во светот

Во Музејот за коса во Аванос, во Кападокија сè е во знакот на косата. На сите ѕидови и на празните површини освен на подот, се закачени прамени од коса на повеќе од 16.000 жени.

1447836
Музејот за коса во Аванос во Кападокија, едниот од најчудните музеи во светот
saç müzesi (2).jpg
saç müzesi (3).jpg
saç müzesi (4).jpg
saç müzesi (5).jpg
saç müzesi (6).jpg
saç müzesi (7).jpg
saç müzesi (8).jpg
saç müzesi (9).jpg
saç müzesi (10).jpg
saç müzesi (11).jpg
saç müzesi (12).jpg
saç müzesi (13).jpg
saç müzesi (14).jpg
saç müzesi (15).jpg

Музејот за коса кој е едниот од најинтересните и најчудните музеи во светот и кој се наоѓа во Кападокија, како еден од значајните туристички центри на Турција познат по своите природни, историски и културни богатства, ја привлекува заинтересираноста на посетителите.

Приказната за овој чуден музеј во населеното место Аванос во Кападокија, во Невшехир, е вака: Една француска туристка која во 1979 година го посетила ателјето на грнчарот Галип Ќорукчу отсекла прамен од својата коса и го закачила на ѕидот на своето ателје. Потоа и други жени туристи кои го посетиле ателјето исто така почнале да оставаат примерок од својата коса и со текот на времето овој музеј на коса што се појавил, пораснал.

Музејот за коса во 1998 година влезе и во Гинесовата книга на рекорди така што примероците на коса на десетици илјади жени ја привлекува заинтересираноста на посетителите кои ја посетуваат областа. 

Во Музејот за коса во Аванос, во Кападокија сè е во знакот на косата. На сите ѕидови и на празните површини освен на подот, се закачени прамени од коса на повеќе од 16.000 жени.

Секој посетител кој ќе дојде во музејот, ако сака, може да си исече праменче од косата, да се потпише на ливче и да го закачи во овој навистина интересен, малку чудесен, но истовремено оригинален и единствен музеј.

 



Слични вести