Јерхов: „Навистина сум импресиониран од напорите на Турција за безбедносен туризам“

Турција за безбедносна туристичка сертификација разви интересен систем

1444415
Јерхов: „Навистина сум импресиониран од напорите на Турција за безбедносен туризам“

Амбасадорот на Русија во Анкара Алексеј Јерхов рече дека е многу империсониран од напорите на Турција за обезбедување на здравствената состојба и безбедноста на туристите како и продолжување на протокот на странските туристи во периодот на епидемијата на новиот тип на коронавирусот (Ковид-19).

Амбасадорот Јерхов направи проценка на минатонеделната манифестација „Откриј повторно“ што се одржа со учество на амбасадорите на голем број земји во Анталија, во чии рамки беа разгледани туристичките услуги коишто Турција ќе ги пружи на туристите во процесот на нормализиација и борбата против епидемијата на Ковид-19.

„Навистина многу сум импресиониран од напорите на Турција за одржување на протокот на туристите и нивното здравје како безбедноста“ рече амбасадорот Јерков потенцирајќи дека во тие рамки се пеземаат многу активности на аеродромите, во хотелите и другите туристички центри.

„Турција за безбедносна туристичка сертификација разви интересен систем. Мислам дека изучувањето на овој систем и од страна на другите земји ќе биде од голема придобивка“ рече амбасадорот Јерхов.

Министерството за култура и туризам соопшти дека Турција е првата земја која почна со спроведувањето на системот на сертифицирање на безбедносниот туризам во Европа.

Минатата недела на манифестацијата „Откриј повторно“ што се одржа во Анталија на која беа презентирани туристичките услуги коишто ќе ги пружи Турција во процесот на нормализација и борбата против Ковид-19, учествуваа амбасадорите и претставниците на дипломатските мисии на над 50 земји и голем број странски новинари.



Слични вести