Веста на „ТРТ Ворлд“ за експлоататорската историја на Франција во Африка го налути Париз

Веста на телевизискиот канал на Турската радио и телевизија (ТРТ), ТРТ Ворлд (TRT World) кој емитува на англиски јазик, во која се раскажува за „Проблемот на Африка со Франција“ доведе до вознемиреност кај француското Министерство за надворешни работи

1443931
Веста на „ТРТ Ворлд“ за експлоататорската историја на Франција во Африка го налути Париз

Наиде на одек веста емитувана на телевизискиот канал на Турската радио и телевизија (ТРТ), ТРТ Ворлд (TRT World) кој емитува на англиски јазик, во која и е удрена како шлаканица на лицето на Франција нејзината крвава експлоататорска историја во Африка.

Веста во која се раскажуваат и плановите на властите во Париз кои се уште продолжуваат со предизвикуваат нереди во некои земји во Африка, ја налути Франција.

Веста во која се раскажува за „Проблемот на Африка со Франција“ доведе до вознемиреност кај француското Министерство за надворешни работи.

Во веста на ТРТ Ворлд (TRT World) која наиде на одек беше раскажано за експлоататорската историја на Франција во Африка којашто започна во 1800-тите години.

Се истакнува дека вистинскиот проблем на Африка е Франција која долги години како ги искористува ресурсите (богатствата) на африканските земји и создава војна, ги поддржува угнетувачките управи под своја контрола и со секој поминат ден го зголемува на бројот на своите воени бази на континентот.

Во веста на ТРТ Ворлд (TRT World) којашто беше споделена илјадници пати се нагласува дека богатите ресурси на ураниум, злато, дијаманти, нафта и уште голем број други драгоцени извори на африканските земји се наоѓаат под контрола на Франција.

Освен тоа се раскажува дека властите во Париз продолжуваат се уште да водат експлоататорски активности под името „обиди за цивилизирање“ и се мешаат во внатрешните работи на голем број земји.

Откако телевизискиот канал на Турската радио и телевизија (ТРТ), ТРТ Ворлд (TRT World) и ги удре сиве овие вистини како шлаканица на лицето на властите во Париз, пристигна соопштение од француското Министерство за надворшени работи.

Во соопштението се користи изразот „Африка нема проблем со Франција“ и изоставувајќи се од вид системот на експлоатација којшто сѐ уште продолжува се вели дека „африканските држави се суверени и самите ги донесуваат своите одлуки“.

Сепак, привлече внимание и тоа дека во објавеното соопштение од Министерството за надворшени работи на Франција не беа демантирани поголемиот дел од изнесените факти во веста на ТРТ Ворлд (TRT World).



Слични вести