Турција повторно прв избор на украинските туристи

Многу ни недостасуваат турските плажи и гостопримството на Турција

1435724
Турција повторно прв избор на украинските туристи

Во период кога Турција и Украина од 1 јули се подготвуваат за реализирање на првите авионски летови и туристички патувања, Турција во туристичката сезона која започна под сенката на новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) се најде на врвот на земјите од аспект на заинтересираноста на украинските туристи.

Претседателот на Унијата на лидерите на туристичкиот сектор на Украина, заменик генералниот директор на фирмата Тез Тур Украина Олександер Новиковскиј во изјавата за печатот рече:

„Многу ни недостасуваат турските плажи и гостопримството на Турција. Досегашните надворешни резервации за одмор во Украина покажуваат дека Турција повторно се наоѓа на прво место.

По информациите за спремноста на Турција за прием на туристите, туристите почесто почнаа да аплицираат до тур компаниите. Нашата фирма Тез Тур неделно реализира околу 150 до 20 резервации, рече Новиковскиј.

Бројот на украинските туристи коишто ја посетија Турција во 2019 година в споредба со претходната се зголеми за 12 отсто и достигна 1 милион 560 илјади.



Слични вести