Патријархот на Ерменците во Турција Машалјан: „Ајасофија треба да се отвори за вероисповед“

На Република Турција ќе и прилега подарувањето на еден ваков мир на светот

1435704
Патријархот на Ерменците во Турција Машалјан: „Ајасофија треба да се отвори за вероисповед“

Патријархот на Ерменците во Турција, Сахак Машалјан рече: „Безбројните поправки кои траат 1500 години како и одржувањето, напорите на Фондацијата Фатих Султан беа насочени Ајасофија да се заштити како храм за вероисповед. Ајасофија треба да се отвори за вероисповед.“

Патријархот Сахак Машалјан, во објавата преку профилот на твитер направи осврт на дискусиите во врска со отворањето на Ајасофија за веросиповед.

Ајасофија е изградена како резултат на напорите и трудот на десетица илјада работници.

„Безбројните поправки кои траат 1500 години како и одржувањето, напорите на Фондацијата Фатих Султан беа насочени Ајасофија да се заштити како храм за вероисповед. Не да биде музеј. Мислам дека многу подобро е храмот да се користи како место за веросиповед на луѓето кои клекнале и со голема верба и страст му се молат на Господ, согласно целта на изградбата, наместо да ги привлекува љбопитните туристи кои трчкараат со фотографските апарати по храмот  се сликаат.

Затоа Ајасофија треба да се отвори за вероисповед. Храмот е доволно голем. Мислам дека треба да се распредели и еден простор за христијаните. Светот да покаже респект кон нашето верско примирје и зрелост. Ајасофија да се претвори во симбол на мирот на векот и човештвото. Зарем звучи премногу тописки? Впрочем зарем сите ние не се молиме под исто небески свод? Можеме да го споделиме и сводот на Ајасофијаç

Иако нашите верувања се различни, зарем сите не веруваме во еден единствен Господ? Не мислам дека храмот кој 1000 години ги восприеми млитвите на христијаните, 500 години молитвите на муслиманите и истите ги има синтетизирано во мистериозното битие и ќе има нешто против тоа.

Влезете во храмот, вдишете ја и почувствувајте ја длабоката тишина и учите од него. Аја Софија, храмот на „Светата мудрост“ ќе ве посоветува дека во изминатата 1500 годишна човечка историја, нема ништо позначајно од мирот. Немаме луксуз за нов конфликт меѓу крстот и полумесечината. Спасот на светот се состои во сојузот на крстот и полумесечината и сплотувањето на  човештвото. На Република Турција ќе и прилега подарувањето на еден ваков мир на светот“ рече патријархот Машалјан.



Слични вести