Турција повторно избор за одмор на Украинците

Конзулот Коменко рече дека Турција во рамките на борбата против ковид-19 презеде многу сериозни мерки, потенцирајќи дека секако тоа ќе има позитивен одраз

1431829
Турција повторно избор за одмор на Украинците

Конзулот на Украина во Анталија Вјачеслав Коменко рече дека убавата природа, песочните плажи, културно-историските и знаменитости и туристичките простори на Анталија ги чекаат Украинците коишто планираат да одат на одмор.

Конзулот Коменко рече дека Турција во рамките на борбата против ковид-19 презеде многу сериозни мерки, потенцирајќи дека секако тоа ќе има позитивен одраз.

Почнувајјќи од 1 јули меѓу Турција и Украина ќе започнат авионските летови.

Строгите мерки коишто ги презеде Турција во борбата против Ковид-19 дадоа позитивни резултати. Затоа Турција е една од најпреферираните земји за одмор. Лани во Турција на одмор дојдоа околу 1,5 милион украински туристи. Годинава може да дојде до одредено опаѓање на оваа бројка поради епидемијата, но покра тоа не очекуваме некое поголемо опаѓање на бројките. Околу 10 илјади граѓани на Украина престојуваат во Турција, рече Коменко.

Изборот на Турција за помин на летниот одмор е убава солуција.

Една од главите причини за изборот на Турција за одморот од страна на граѓаните на Украина е системот „all inclusive“ (се е вклучено во цената) како и чистите плажи. Туристите можат да патуваат без загриженост. Гледано од аспект на хигиената, Турција е најдобар избор за одморот. Секоја година околу 20 отсто расте бројот на туристите од Украина во Турција која пружа извонредни можности за одмор како на возрасните така и на младите и децата.

Во периодот на епидемијата околу 3 илјади Украинци со авиони беа префрлени во земјата. Бескрајно и благодариме на Турција за пружената помош и поддршка“ рече конзулот Коменко.



Слични вести