Кралицата Елизабета Втора излезе од карантин

94 годишната кралица која е позната како голем љубител на јавање коњи беше фотографирана како се качува и јава на пони коњ

1427486
Кралицата Елизабета Втора излезе од карантин

Првпат по период од 72 дена кралицата Елизабета Втора која во рамките на мерките се повлече во самоизолација во дворецот Виндзор, излезе од карантин и се појави во јавноста.

94 годишната кралица која е позната како голем љубител на јавање коњи беше фотографирана како се качува и јава на 14 годишниот пони коњ Балморал Ферн од расата Фел.

Елизабета Втора во карантин се повлече заедно со сопругот Принцот Филип, Војводата од Единбург. Последната фотографија на кралицата датираше од 19 март кога беше фотографирана за време на префрлањето од Бакингемската палата во домот во Беркшир.



Слични вести