Европските туристи за летниот одмор ја преферираат Турција

Гостите ќе можат да уживаат во одмор каков што го сонуваат

1427504
Европските туристи за летниот одмор ја преферираат Турција

Потпретседателот на Унијата на медитеранските туристички хотелиери и оператори (АКТОБ) и член на Управните одбори на Турската федерација на хотелиери (ТУРОФЕД) и Здружението на туристичките инвеститори Каан Кавалоглу рече дека од Европа пристигнуваат резервации за јули и август.

Во туризмот доживуваме еден нов почеток. Освен морето, песокот и сонцето ќе ги додадеме безбедноста и хигиената, рече Кавалоглу.

Како гаранција за услугите и хигиената што ќе биде пружена во хотелите подготвивме манифест од 300 точки и истите ќе бидат објавени преку веб страниците на интернет на турски, англиски, руски и германски јазик. Новиот период ќе биде тежок, но заедно ќе го пребродиме/

Во новиот период од Европската Унија ќе примиме голем број туристи.

Гостите од странство не ги откажаа резервациите за јули и август. Успешното надминување на Турција на периодот на епидемијата како резултат на добрата здравствена структура, го суспеднира процесот на откажување на резервациите. Во јули и август имаме голем број резервации од европскиот пазар.

Исто така ги прифаќаме резервациите за септември-октомври како и зимските резервации за 2021.

Гостите ќе можат да уживаат во одмор каков што го сонуваат. Нека бидат спокојни, рече Кавалоглу.



Слични вести