Почна со емитување дигиталната информативна платформа на ТРТ „ТРТ руски“

Дигиталната информативна платформа „ТРТ руски“ која почна со емитување, со посредство на впечатливи интервјуа, информативни извештаи и занимливи видеа има за цел да стане влијателен со своите емисии на руски јазик

1422926
Почна со емитување дигиталната информативна платформа на ТРТ „ТРТ руски“

Новиот информативен сервис на Турската радио и телевизија (ТРТ) „ТРТ руски“ од денеска почна со емитување на дигиталните платформи.

Според објавеното соопштение од Турската радио и телевизија (ТРТ), јавниот информативен сервис ТРТ кој го прочујува гласот на Турција на меѓународната арена продолжува да ги зголемува и зајакнува своите емисии на странски јазици. Со секој поминат ден се движи по нагорна линија графиконот на успешното информирање коешто го реализираат радио-телевизиските канали на ТРТ и дигиталните платформи на меѓународната арена. 

Во тие рамки, „ТРТ руски“ кој го започна својот живот на емитување со посредство на впечатливи интервјуа, информативни извештаи и занимливи видеа има за цел да стане влијателен со своите емисии на руски јазик. „ТРТ руски“ кој ќе нуди различни содржини на руски јазик ќе биде ефикасна платформа којашто ќе содржи бројни вести со искусни имиња.

„ТРТ руски“ освен тоа што ќе и придава значење на различното мислење има за цел да стане платформа за изразување и на заедниците (луѓето) кои зборуваат на руски јазик, и ќе се позиционира себе си како информирачки и урамнотежувачки фактор во регионалната и глобалната комуникација.

Претходно со емитување започнаа и „ТРТ арапски“, „ТРТ Ворлд“ и пред кусо време „ТРТ Дојче“, а сега започна со емитување и „ТРТ руски“ со што Турската радио и телевизија (ТРТ) продолжува да фрла чекори на патот да стане ефикасен бренд во светски рамки.

„ТРТ руски“ ќе нуди точни информации и точни вести во земјите во кои се зборува рускиот јазик. Ќе преземе ефикасна улога во борбата против дезинформацијата и манипулацијата. Со сфаќање на квалитетно информирање ќе се позиционира себе си како доверлив извор на вести и информации кај заедниците со мајчин руски јазик. Со посредство на своите дописници на една пространа географија и во голем број градови на чело со главниот град Москва, ќе го држи пулсот на регионот.

Дигиталната информативна платформа „ТРТ руски“ специјалните содржини преку социјалните медиуми како Јутуб, Фајсбук, Твитер, Инстаграм и Телеграм ќе ги пренесува до просторите на коишто се зборува рускиот јазик.



Слични вести