Вечерва муслиманите ја одбележуваат светата Ноќ Кадир (Лејлетул Кадир)

Ноќта Кадир кога почна да се објавува светата муслиманска книга Куранот (Куран-и Керим) се прифаќа како ноќ „кога се отвораат вратите на небото и се прифаќаат довите (молитвите) и покајанијата“

1419868
Вечерва муслиманите ја одбележуваат светата Ноќ Кадир (Лејлетул Кадир)

Вечерва муслиманите ја слават светата Ноќ Кадир (Лејлетул Кадир) за која се вели дека е подобра од илјада месеци и која се одбележува на 27-мата ноќ од муслиманскиот месец на постот Рамазан.

Ноќта Кадир кога почна да се објавува светата муслиманска книга Куранот (Куран-и Керим) се прифаќа како ноќ „кога се отвораат вратите на небото и се прифаќаат довите (молитвите) и покајанијата“.

Возвишениот Аллах во сурата Ел Кадр вели: „Куранот, Ние, навистина, почнавме да го објавуваме во ноќта Кадир. А знаеш ли ти која е таа ноќ Кадир? Ноќта Кадир е подобра од илјада месеци. Во таа ноќ се спуштаат мелеците (ангелите) и Џибрил со одобрението на Господарот нивни, поради секаква одлука. Сигурноста е во неа, се до појавата на зората“.

Поради тоа што во рамките на преземените мерки против новиот тип коронавирус (Ковид-19) се прекинати колективните верски обреди и клањањето во џамиите, муслиманите Ноќта Кадир (Лејлетул Кадир) ќе ја поминат во верски обред (ибадет) и со читање дови (молитви) во своите домови.

Од друга страна, порака по по повод одбележувањето на Лејлетул Кадир објави и претседателот за Верски прашања Али Ербаш.

Велејќи дека исламскиот свет е во радост поради дочекот на Ноќта Кадир (Лејлетул Кадир) која ги крунисува последните денови на месецот на милоста и прошката Рамазан и пружа можност за спас од вечното мачење, Али Ербаш во својата порака потсети дека на чело на карактеристиките коишто оваа ноќ ја прават посупериорна од сите други времиња се наоѓа објавувањето во оваа ноќ на светата книга Куранот (Куран-и Керим) која е објавена како најголем показател на Аллаховата милост кон своите слуги и како водич за живот кој 14 векови како го осветлува видикот на човештвото.



Слични вести