Џамијата Месџид-и Акса ќе биде отворена по Рамазан Бајрам

Харем-и Шериф кој поради новиот тип коронавирус (Ковид-19) беше затворен во март, по намалувањето на бризината на ширење на епидемијата е донесена одлука да биде отворен за верски обред (ибадет)

1419927
Џамијата Месџид-и Акса ќе биде отворена по Рамазан Бајрам

Советот на исламските фондации (вакафи) на Ерусалим (Кудс) соопшти дека џамијата Месџид-и Акса во Источен Ерусалим (Кудс) кој се наоѓа под израелска окупација, ќе биде отворена по Рамазан Бајрам.

Во објавеното соопштение од Советот во склопот на Министерството за вакафи, свети дела и исламски прашања на Јордан, се истакнува дека Харем-и Шериф кој поради новиот тип коронавирус (Ковид-19) беше затворен во март, по намалувањето на бризината на ширење на епидемијата е донесена одлука да биде отворен за верски обред (ибадет).

Џамијата Месџид-и Акса поради епидемијата на Ковид-19 на 22 март беше целосно затворена за верски обред (ибадет).

Инаку, Советот на исламските фондации (вакафи) на Ерусалим (Кудс) претходно соопшти дека Месџид-и Акса во рамките на мерките за борба против Ковид-19 нема да биде отворена за верски обред (ибадет) и за време на муслиманскиот месец на постот Рамазан.



Слични вести