На 28 мај постои голема веројатност да започне домашниот туризам

„Кон средината на јуни размислуваме да ги отвориме нашите туристички објекти за странскиот туризам“ рече министерот Аксој

1418994
На 28 мај постои голема веројатност да започне домашниот туризам

Министерот за култура и туризам Мехмет Нури Аксој најави дека постои голема веројатност домашниот туризам да започне на 28 мај.

Ерсој во интервјуто за еден приватен ТВ-канал во Бодрум рече дека во голем број земји во светот се спроведуваат нови регулативи во рамките на мерки против новиот тип на коронавирусот (Ковид-19). Ако не се случи нешто неочекувано, околу 28 мај планираме да започнеме со домашниот туризам, додека кон средината на јуни размислуваме да ги отвориме нашите туристички објекти за странскиот туризам.

Сите туристи коишто потребните тестови ќе ги остварат во своите земји, лесно ќе можат да дојдат во Турција. Оние коишто не стигнале да ги направат тестовите ќе бидат тестирани од страна на здравствените работници на Министерството за здравство на местата каде што ќе пристигнат. Кон средината на јуни на аердоромите ќе се отворат центри за тестирање на туристите, рече министерот Аксој.



Слични вести