Францускиот новинар, писател и сценарист Гранже: Моите маски и гелови ги донесов од Анкара

На профилот на Францускиот институт е споделена видео снимка на новинарот, писател и сценарист Жан-Кристоф Гранже кој вели дека во март бил во Анкара од кадешто ги донел во Париз своите маски и гелови против коронавирусот

1418324
Францускиот новинар, писател и сценарист Гранже: Моите маски и гелови ги донесов од Анкара

На профилот на Францускиот институт преку социјалната медија на турски јазик, кој инаку се бави со активности за афирмирање на француската култура во странство, е споделена видео порака на францускиот новинар, писател и сценарист Жан Кристоф Гранже. 

Гранже во оваа своја видео порака истакнува дека маските коишто не можат да се најдат во главниот град на Франција, Париз, пред извесно време ги донел од Анкара. 

„Веднаш пред да се затворам дома во Париз, бев во Турција и секаде во Анкара барав маска бидејќи во Париз немаше. Ги зедов моите маски и гелови и потоа откако се вратив во Париз беа затворени границите. Имам многу убави спомени од деновите кога бев во Анкара.“ - вели Жан Кристоф Гранже. 

Нагласувајќи дека бил многу добро пречекан од страна на турските училишта во Турција, Гранже ја изнесува следната констатација: „Од сѐ срце велам дека станувам меланхоличен кога размислувам за Турција. Во многу блиско време ќе се вратам.“

Францускиот новинар, писател и сценарист Жан-Кристоф Гранже во организација на Францускиот институт во март престојувал во Анкара по повод еден Саем на книга.



Слични вести