Ковид-19 ја зголеми побарувачката за јахтинг туризам

Сега претежно во мода е индивидуалниот и изолиран туризам

1415053
Ковид-19 ја зголеми побарувачката за јахтинг туризам

Претседателот на Управниот одбор на филијата Измир на Трговската поморска комора на Истанбул и Мармара, Егеј, Средоземното море, Црноморските области (ИМЕАК) Јусуф Озтурк рече дека по појавата на новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) дојде до зголемување на јахтнг туризмот.

Во говорот на видео конференцијата на дипломците на факултетот за поморство при Универзитетот 9-ти септември во Измир, Озтурк на седницата посветена на Разговорите за поморството рече дека во глобалниот туризам во новиот период ќе ја изгуби популарноста.

Сега претежно во мода е индивидуалниот и изолиран туризам. Поморскиот туризам кој досега опфаќаше 20 отсто од севкупните туристички приходи на Турција, во претстојниот период ќе обезбеди поголеми приходи.

Забележуваме голем раст на луѓето во бутик хотелите, јахтинг туризмот. Во Егејското и Средоземното море повторно ќе се роди Синото патување. Ова може да го претвориме во значаен приход. Со определувањето и утврдувањето на капацитетот и хигиенските услови во јахтинг туризмот, од 1 јуни планираме да ја отвориме туристичката сезона“ рече Озтурк.



Слични вести