Концерт од Хорот на цивилизациите од Антакја по повод 9 Мај - Денот на Европа преку Јутуб

Хорот на Цивилизациите од Антакја по повод 9 Мај - Денот на Европа вечерва преку каналот Јутуб на Претседателството за Европска унија (ЕУ) ќе приреди концерт во живо со народни песни и илахии со порака за толеранција, солидарност и единство

1413940
Концерт од Хорот на цивилизациите од Антакја по повод 9 Мај - Денот на Европа преку Јутуб

Денеска е 9 Мај - Денот на Европа.

По повод одбележувањето на овој датум вечерва Претседателството за Европска унија (ЕУ) при Министерството за надворешни работи ќе приреди специјален концерт.

На концертот којшто ќе биде приреден од страна на Хорот на Цивилизациите од Антакја, уметниците претставници на трите универзални религии ќе испеат народни песни и илахии (побожни песни).

До целиот свет ќе се достави порака за толеранција, солидарност и единство.

Концертот којшто ќе трае приблжно 30 минути ќе започне вечерва во 21:00 часот по турско време и ќе се емитува во живо преку каналот Јутуб на Претседателството за Европска унија (ЕУ).

Заменик министерот за надворешни работи Фарук Кајмакчи во дадената изјава по повод одбележувањето на 9 мај Денот на Европа истакна дека соработката меѓу Турција и Европската унија (ЕУ) доби уште поголемо значење во периодот на глобалната епидемија на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Кајмакчи рече: „Со концертот по повод 9 мај Денот на Европа ќе доставиме порака за солидарност ѝ до европските земји ѝ до светот.“



Слични вести