Турција одбележува 93 години од радиоемитувањето под водство на ТРТ

Според објавеното соопштение од Турската радио и телевизија ТРТ, 6 мај Денот на радиото датумот кога на 6 мај 1927 година беше емитувана првата официјална радио емисија во Турција, е одбележан со манифестацијата „ТРТ денови на радиото“

1412336
Турција одбележува 93 години од радиоемитувањето под водство на ТРТ

Турската радио и телевизија ТРТ црпејќи сила од 93 годишното коренито минато на радиоемитувањето во Турција, 6 мај Денот на радиото го одбележа со своите слушатели.

Според објавеното соопштение од ТРТ, 6 мај Денот на радиото датумот кога на 6 мај 1927 година беше емитувана првата официјална радио емисија во Турција, е одбележан со манифестацијата „ТРТ денови на радиото“ којашто инаку од 2009 година досега секоја година се одржува во различен град.

Оваа година поради епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) манифестациите „ТРТ денови на радиото“ коишто беа планирани да се одржат на 6 мај од страна на Турската радио и телевизија ТРТ, се откажани.

Затоа, 93-годишнината на радиоемитувањето во Турција, под водство на Департментот за радио на ТРТ, се одбележа во домовите со емисиите преку радиостаниците на ТРТ.

Радио интерпретаторите на ТРТ, Оркестрите за популарна и џез музика на ТРТ Истанбул со организирање на мини концерти од домовите и емитувани преку социјалните медиуми го повторија повикот „Остани дома“ и ја потврдија пораката „Домот е полн со живот“, а воедно покажаа дека во никакви услови нема да се прекине и онаа воспоставена врска со радио емисиите.

Формирањето на Турската радио и телевизија ТРТ во 1964 година стана значаен фактор во напредокот со сигурни чекори кон иднината и над цврсти темели на радиоемитувањето во Турција коешто започна на 6 мај 1927 година со првото анонсирање коешто се слушна од таванскиот спрат преуреден во студио на зградата на Големата пошта во населбата Сиркеџи во Истанбул.

Денеска радиостаниците на ТРТ црпејќи сила од своето 93 годишно коренито минато, под водство на принципите на вршење јавна услуга како јавен сервис, продолжува да презема предводничка улога во оваа сфера фокусирана на слушателот и со разбирање за динамично емитување.



Слични вести