Том Хенкс и сопругата ќе даруваат плазма

63 годишниот актер кој е познат со духовитиот карактер рече дека во случај во борбата против новиот тип на коронавирусот се развие некоја вакцина од неговата крв, ќе бара истата да се нарече „Hank-ccine

1405551
Том Хенкс и сопругата ќе даруваат плазма

Познатиот американски актер Том Хенкс и сопругата Рита Вилсон кои беа заразени од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) и кои оздравеа, истакнаа дека ќе даруваат плазма.

Според веста на веб-сраницата "Inquirer.net" , Том Нехкс и сопругата, во рамките на активностите за развивање на вакцината против Ковид-19 се пријавија како волонтери за дарување крв и плазма.

Хенкс во изјавата за еден подкаст рече дека кога размислувале за тоа шо можат да направат во борбата против Коди-19, на ум им паднало да даруваат плазма.

63 годишниот актер кој е познат со духовитиот карактер рече дека во случај во борбата против новиот тип на коронавирусот се развие некоја вакцина од неговата крв, ќе бара истата да се нарече „Hank-ccine“.

Хенкс и сопругата Вилсон на 12 март изјавија дека тестовите на Ковид-19 биле позитивни.



Слични вести