Муслиманите од денеска го започнаа едномесечниот пост Рамазан

Од денеска започна едномесечниот месец на муслиманскиот месец на постот Рамазан, кој ќе трае до 23 мај

1404471
Муслиманите од денеска го започнаа едномесечниот пост Рамазан

Од денеска започна муслиманскиот месец на постот Рамазан кој се очекуваше со нетрпение од страна на исламскиот свет и кој е познат и како Султан на 11-те месеци.

Поради тоа што светата муслиманска книга Куран-и Керим почнала да се објавува во овој месец, месецот Рамазан се нарекува и месец на Куранот.

Значењето на месецот Рамазан и постот како начин на ибадет (богослужба) во светата муслиманска книга Куран-и Керим се појаснува вака: Месецот Рамазан е месец кога започна објавувањето на Куранот кој што претставува патоказ за луѓето, јасен доказ за правиот пат и одвојувач на вистината од лагата. (сура Бакара, ајет бр. 185)

„О верници, постот е ваша должност, како што беше должност и на оние пред вас. Благодарение на тоа ќе се заштитувате себеси од лошото.“(сура Бакара,ајет бр.183)

Муслиманите во целиот свет денеска го постат првиот ден од едномесечниот рамазански пост, под сенката на ограничувања коишто се донесени поради глобалната епидемија на новиот тип коронавирус (Ковид-19). 

Месецот на постот Рамазан во голем број земји ќе помине со забрани, односно поточно кажано со неприредување и неодржување на семејни и колективни собири и активности за организирање на ифтарски вечери, како и забрани за колективно клањање на намази (молитви). 

Имено, во голем број земји во светот, во  Азија, на Блискиот исток и во Турција е соопштено дека не ќе можат да се извршуваат верските обреди, да се клања намаз колективно со џемаат во џамиите. Така се донесени забрани од широк обем за голем број активности и манифестации како што се ифтарски вечери и средби.

Во Индонезија која располага со најбројно муслиманско население во светот, верските надлежни органи упатија повик до  верниците да останат во своите домови. 

Во Саудиска Арабија поради новиот тип коронавирус (Ковид-19) се сопрени влезовите и излезите во и од светите муслимански градови Мека и Медина.

Во светото место Ќаба исто така не се одржуваат колективни верски обреди (клањање намаз), a за привремено се суспендирани, сопрени, и посетите умра. 

Надлежните во Бангладеш презедоа мерки за намалување на бројот на луѓето (верниците) кои одат во џамија.

Месецот на постот Рамазан започна денеска на 24 април, а ќе заврши на 23 мај.



Слични вести