Месец на постот Рамазан

Муслиманите, припадници на исламската религија како „Аллахови робови“, за да ја добијат милоста на Севишниот, во текот на месецот Рамазан од изгрејсонце до зајдисонце ќе постат, нема да јадат и да конзумираат ништо

1404973
Месец на постот Рамазан

Исламскиот свет, во текот на еден месец ќе го одбележи муслиманскиот месец на постот Рамазан кој е познат и како Султан на 11'те месеци и се оценува како месец на спокојството и берикетот.

Светата муслиманска книга Куран-и Керим почнала да се објавува во овој месец, поради што месецот Рамазан се нарекува и месец на Куранот.

Муслиманите припадници на исламската религија како „Аллахови робови“, за да ја добијат милоста на Севишниот, во текот на денот, од изгрејсонце до зајдисонце ќе постат, нема да јадат и да конзумираат ништо. Ќе се прават ифтарски вечери на крајот на постот и сахури пред да почне дневниот пост, коишто се специфични за месецот на постот Рамаза. Заедно со намазот (клањањето) јатсија ќе се клања теравија, вид намаз специфична за Рамазан.

Му го честитаме месецот на муслиманскиот пост Рамазан на целиот исламски свет и по повод овој месец посакуваме да бидат прифатени покајувањата (тевбите) за сторените гревови.

Честит Рамазан..!



Слични вести