Годинава поради Ковид-19 забранета посетата на Хирка-и шериф

Наметката на божјиот пратеник Мухамед (Хирка-и шериф), една од двете обеки на божјиот пратеник Мухамед се чува во џамијата Хирка-и шериф во истанбулската населба Фатих

1404035
Годинава поради Ковид-19 забранета посетата на Хирка-и шериф

Годинава поради новиот тип на коронавирусот (Ковид-19), посетата на Хирка-и шериф (наметката на божјиот пратеник Мухамед) која секој месец на постот Рамазан се посетува од страна на илјадници луѓе не ќе може да се посети.

Наметката на божјиот пратеник Мухамед (Хирка-и шериф), една од двете обеки на божјиот пратеник Мухамед која е сочувана до денес и ја облекол за време на Мираџ (вознесението), се чува во џамијата Хирка-и шериф во истанбулската населба Фатих.

Бариш Самир, внукот од 59-то поколение на Вејсел Карани, човекот кому божјиот пратеник Мухамед му ја остави наметката, во изјавата рече дека стоилјадници луѓе од целиот свет, секоја година за време на месецот на постот Рамазан имаа можност да го посетат светиот аманет.

Но поради Ковид-19, годинава Хиркаи- шериф нема да биде отворен за посетителите.

Со голема внимателност продолжуваат да се спроведуваат мерките на претпазливост кои се преземени во светот и земјава поради пандемијата на Ковид-19, меѓу кои и социјалната дистанца. Од тој поглед, со големожалење сакам да истакнам дека во својство на семејство чувар, заштитник и сатарател, во рамките на превентивите со цел да се заштити здравјето на народот, годинава во текот на месецот на постот Рамазан Хирка-и шериф нема да се отвори за посетата на народот.



Слични вести