Рекордно учество на кампањата на ТРТ „Децата на Турција“

Со објавувањето на убавите видеоснимки на децата во овие тешки денви низ кои поминуваме преку екраните на ТРТ, ќе ја пренесеме радоста и енергијата на гледачите за кои Турција навистина има потреба

1403698
Рекордно учество на кампањата на ТРТ „Децата на Турција“

На кампањата „Децата на Турција“ која што Турската радио телевизија (ТРТ) ја започна во рамките на Фестивалот и празник на детето 23-ти април, беше забележано рекордно учество.

Поради новиот тип на коронавирусот (Ковид-19), ТРТ годинава направи одредени измени во програмата на одбележувањето и 23-ти април, Фестивалот на детето. Во тие рамки изминатите денови започна кампања со учество на познатите имиња и карактери од филмската уметност, музиката и спортот.

Во писменото соопштение кое беше објавено од страна на ТРТ беше упатен следниот апел: „Снимете ги вашите видеа и испратете ги на адресата на ТРТ. Цела Турција нека те гледа за 23-ти април“. Н повикот кој започна согласно наведениот слоган беа испратени 171 177 видеа од целата земја и светот.

Активностите коишто ги подготвија децата од дома ќе бидат објавен утре на 23 април четврток во 17.00 часот.

Во соопштението беше објавена и изјавата на претседателот на Управниот одбор и генерален директор на ТРТ Ибрахим Ерен кој рече:

„Со објавувањето на убавите видеоснимки на децата во овие тешки денви низ кои поминуваме преку екраните на ТРТ, ќе ја пренесеме радоста и енергијата на гледачите за кои Турција навистина има потреба.

Како што 42 години на екранот на ТРТ 1 се објавува свеченото одбележување на 23-ти април, Празникот на детето, така и утре во во 17.00 часот ќе имаме гаа прослава. Видеоснимките на децата преку ТРТ 1 ќе бидат објавени токму во рамките на галата. Во текот на целиот ден, за време на паузите на сите канали ќе се емитуваат убавите видеосники на децата. Поголемиот дел од емисиите на ТВ-канал за деца „ТРТ Чоџук“ ќе бидат посветени на свеченото одбележување на 23-ти април, Празникот на детето со објавување видеоснимките на децата. Поради преголемото учество и одѕив, видеоснимките на децата на ТВ-канал „ТРТ Чоџук“ ќе се емитуваат и на 24, 25 и 26 април.



Слични вести