По повод 23-ти април под покровителство на претседателството ќе се приреди Концерт на љубовта

концертот ќе започне со зборовите на Јунус Емре „Светот е мојата судбина, човештвото мојот народ“

1400762
По повод 23-ти април под покровителство на претседателството ќе се приреди Концерт на љубовта

По повод 23-ти април, Денот на националната независност и Празник на детето, под покровителство на претседателството ќе се одржи концерт под слоганот „Од градот на 7-ридови до 7-те континенти“.

Преку концертот којшто ќе се емитува на Јутјуб каналот на Дирекцијата за комуникации при претседателството, од Истанбул ќе се уати повик за љубов и единство до целиот свет.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Дирекцијата за комуникации, беше истакнато дека концертот ќе започне со зборовите на авангардистот на турската поезија, суфистот и народен поет Јунус Емре „Светот е мојата судбина, човештвото мојот народ“. Турските интепретатори и музичари преку своите песни од 7-те ридови на Истанбул, на целиот свет ќе му ја испратат пораката за солидарност по повод епидемијата на новиот тип на коронавирусот (Ковид-19).

Пијанистката Идил Берет, која важи за една од најреспектните музичарки и изведувачи на пијано, аранжманите за пијано на бесмртното дело 9-та синфонија (Симфонијата на хуманоста) на Лудвиг ван Бетовен кои ги преработи Франц Лист, ќе го интепретира на истанбулскиот Босфор.

Харфистката Ширин Панџароглу и интерпретаторот Бора Ујмаз, од Моминската кула ќе ја интерпретираат илахијата „Јас одам рамо до рамо“ (Ben Yürürün Yane Yane) на Јунус Емре.

Нејзенот Јавуз Акалин ќе ја свири мелодијата „Сеѓах пешрев“ (на Јусуф Паша) од Ајасофија, удистот Мурат Багдатли ќе ја свири „Ќурдилихиџазќар Лонга“ (на Кемани Себух) од Сарајот Топкапи, флејтистката Елиф Јурдакул Бајкурт ќе ја интерпретира „Сиринкс“ (на Клод Дебиси) од Кулата Галата, тамбури Озер Озел и гусларката Аслихан Озел со мелодијата „Нихавенд Саз Семаи“ (на Месут Џемил Беј) од Сарајот Долмабахче, свирачот на канон Серкан Месут Халил со песната „Шехназ Лонга“ (на Сантури Етхем Беј) од ридот Пјер Лоти.



Слични вести