Во привремениот список советското наследство на УНЕСКО внесени уште 5 културни вредности од Турција

Во привремениот список на светското наследство на УНЕСКО се внесени уште 5 нови културни вредности од Турција со што бројот на вредностите на земјата во овој список се зголеми на 83

1400183
Во привремениот список советското наследство на УНЕСКО внесени уште 5 културни вредности од Турција

Турција во привремениот список светското наследство на Oрганизацијата за oбразование, наука и култура на Обединетите нации (УНЕСКО) внесе уште 5 свои вредности со што бројот на своите културни вредности во списокот го зголеми на 83.

Според објавеното соопштение од Министерството за култура и туризам на 16 април во привремениот список што претставува прв чекор за признавање на светско наследство се додадени уште 5 нови културни вредности од Турција за кои беше поднесено барање до УНЕСКО.

На тој начин бројот на културните вредности на Турција во списокот којшто во 2019 година изнесуваше 78 се зголеми на 83.

Во списокот се внесени 5 нови културни вредности од Турција и тоа; Историскиот град Бејпазари кај Анкара, историскиот пристаниште град на Измир, археолошкиот локалитет Каратепе-Асланташ во Османије, Долината Корамаз во градот Кајсери и Калето Зерзеван и Митхраеум во градот Дијарбакир.

unesco dünya mirası geçici listesi'ne Türkiye'den 5 kültür varlığı daha eklendi



Слични вести