Програма за стипендии од ЈТБ за Турците во странство

Рокот за апликацирање за наведените програми е од 15 април до 15 јуни и апликациите ќе се извршат преку следните веб страници https://www.ytb.gov.tr/turkceylp/ и www.ytb.gov.tr/yvburslari.

1399569
Програма за стипендии од ЈТБ за Турците во странство

Управата за Турците и роднинските заедници во странство (ЈТБ) објави две псоебни програми за стипендии во знак на поддршка на едуцирањето на учителите/наставниците по турски јазик кои ќе ги изучуваат турските деца во странство и студентите на магистерски и докторски студии.

Во писменото соопштение коешто беше објавено од страна на ЈТБ на веб-страницата на интернет беше истакнато дека Управата ќе продолжи со организирање и одржување на различни академски, социјални и културни активности за подобро едуцирање на младите сограѓани кошто живеат во странство.

ЈТБ која има за цел да даде придонес во подоброто изучување на турскиот јазик и културата на нашите деца сограѓани кои живеат во странство, исто така да пружа поддршка на студентите кои студираат на магистерските и докторските студии.

Во тие рамки, ЈТБ ја започна програмата за доделување стипендии за „Магистратура за изучување на турскиот јазик на турските деца во странство со цел да се едуцираат инструктори за турски јазик“ и „Стипендии за истражување на докторската теза за граѓаните во странство“.

Рокот за апликацирање за наведените програми е од 15 април до 15 јуни и апликациите ќе се извршат преку следните веб страници https://www.ytb.gov.tr/turkceylp/ и www.ytb.gov.tr/yvburslari.

За програмата за стипендии ќе можат да аплицираат урските државјани, граѓаните со сина дозвола и двојните државјани кои не се посари од 40 години. Кандидатите чии апликации ќе бидат прифатени, откако ќе се стекнат со потребното образование од два семестри во Турција, стажот или тезата во времетарење ос четири семестри ќе можат да ги продолжат во земјата во која престојуваат и откако ќе ги завршат студиите, ќе диплмираат.

Трошоците на студиите на студентите чии апликации ќе бидат прифатени, ќе бидат намирени од страна на ЈТБ и на кандидатите ќе им се доделат месечни стипендии и поддршка за престој.

Стипендии ќе им се доделат и на граѓаните коишто студираат на магистратура или доктораски студии во странство.



Слични вести