Во Шведска разрешен директорот кој не ја спроведуваше забраната за носење шамија

Директорот на училиштето Лиедхолм рече: „Колку што ми е познато, додека трае истрагата, сигурно сум разрешен од должноста“

1398232
Во Шведска разрешен директорот кој не ја спроведуваше забраната за носење шамија

Во Шведска беше разрешен директорот на едно училиште кој не ја спроведуваше „забраната за носење шамија“ на општината.

Директорот на училиштето Прастамос во населеното место Скуруп во областа Сконе, Матиас Лиедхолм беше изземен од функцијата поради неспроведувањето на забраната за носење шамија во училиштата која беше усвоена од страна на општината.

Според веста на Шведската државна телевизија „СВТ“, Лидехолм кој ја критикуваше и не ја спроведе одлуката, беше разрешен од страна на општината. Во интервјуто за ТВ-канал „СВТ“, Лидехолм рече:

„Колку што ми е познато, додека трае истрагата, сигурно сум разрешен од должноста.“

Пред 5 месеци, Советот на градот Скуруп донесе забрана за носење шамија на девојчињата помали од 13 годишна возраст, додека директорот на училиштето Прастамосе во градот, Лиедхолм изјави дека нема да ја почитува забраната и нема да ја спроведува во училиштето.

По изјавата Лидехолм рече дека добил низа смртоносни закани.



Слични вести