Атакуле во Анкара во знак на солидарност против Ковид-19 осветлена во боите на азербејџанското знаме

Во знак на изразување на солидарноста помеѓу Турција и Азербејџан, кулата Атакуле во главниот град Анкара синоќа беше осветлена во боите на азербејџанското знаме

1397412
Атакуле во Анкара во знак на солидарност против Ковид-19 осветлена во боите на азербејџанското знаме
ATAKULE AZERBAYCAN_aa-picture-20200414-21245719.jpg
Atakule Azerbaycan 1.jpg
Atakule Azerbaycan.jpg
Azerbeycan.jpg

Кулата Атакуле, симболот на главниот град Анкара, во знак на изразување на солидарноста помеѓу Турција и Азербејџан, синоќа беше осветлена во боите на знамето на братската земја Азербејџан.

Во рамките на борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19), од страна на Азербејџан на 11 април на зградата на Центарот „Хајдар Алиев“ едниот од симболите на новата архитектура во главниот град Баку беше проектирано турското знаме.

Како одговор на овој гест на братски Азербејџан, Турција во знак на блискоста, солидарноста и братството со оваа земја, синоќа кулата Атакуле ја осветли со сина, црвена и зелена боја, боите на азербејџанското знаме.

На екранот на врвот на Атакуле беше напишана пораката „Две држави, еден народ, со љубов до срцето Азербејџан“, а освен тоа на џиновските лед екрани во делот на купопродажниот центар на кулата беа развиорени турското и азербејџанското знаме.



Слични вести