ЈТБ започна онлајн програма за поддршка на кандидатите новинари во странство

Со „Онлајн програмата медиумска академија на ЈТБ“ се планира да се даде допринес на сите оние коишто покажуваат интересирање кон медиумскиот сектор како и младите во странство коишто сакаат да се усовршат во оваа сфера

1397268
ЈТБ започна онлајн програма за поддршка на кандидатите новинари во странство

Управата за Турците во странство и роднинските заедници (ЈТБ) за поддршка на кандидатите новинари кои живеат во странство ја започна програмата наречена „ЈТБ онлајн медиумска академија“.

Според писменото соопштение кое беше објавено од страна на ЈТБ, продолжуваат едукативните програми преку интернет под слоганот „Остани дома остани со едукација“ кои се одржуваат во знак на поддршка на младите граѓани кои живеат во странство и во рамките на мерките во борбата против коронавирусот се принудени да останат дома.

Во тие рамки со „Онлајн програмата медиумска академија на ЈТБ“ се планира да се даде допринес на сите оние коишто покажуваат интересирање кон медиумскиот сектор како и младите во странство коишто сакаат да се усовршат во оваа сфера.

Програмата којашто ќе се одржи од 19 до 23 април преку интернет се предвидува да содржи низа теоретски и применети содржини како што се  медиумска писменост, нови медиумски апликации, новинарството во дигиталната ера.

Некои од условите за кандидатите коишто сакаат да се пријават на програмата се: да бидат турски граѓани коишто живеат во странство, граѓани со сини картички и/или со двојно државјанство, да се родени во периодот од 01 јануари 1990  најдоцна до 01 јануари 2002.

Меѓу условите коишто се бараат од кандидатите за аплицирање е да живеат во Германија, САД, Австрија, Австралија, Белгија, Велика БРитанија, Данска, Финска, Франција, Холандија, Шведска, Швајцарија, Канада, Норвешка и Италија.

Последен датум за пријавување е 17 април.

Со подетални информации кандидатите можат да се стекнат преку следната веб адреса: "www.ytb.gov.tr".



Слични вести