Заеднички концерт од 4 земји преку социјалните медиуми „Далеку, но заедно уметност“

Четири земји; Турција, Србија, Италија и Кина ќе одржат концерт „Далеку, но заедно уметност“ којшто ќе се емитува во живо преку социјалните медиуми

1395662
Заеднички концерт од 4 земји преку социјалните медиуми „Далеку, но заедно уметност“

Поради епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) со учество на уметници од Турција, Србија, Италија и Кина ќе се одржи концерт "Distan Together (Далеку, но заедно уметност). 

Според објавеното соопштение од Државната опера и балет во Самсун (SAMDOB), поради епидемијата на Ковид-19 хорот составен од уметници на Државната опера и балет во Самсун (SAMDOB) од Турција, Српската национална опера, Филхармонискиот оркестар Беневито од Италија и од уметници од Кина, во име на поддршка на светските нации, здравствените работници, оние кои ги загубиле своите блиски и оние кои се уште водат борба за живот во ист момент ќе приреди концерт преку социјалните медиуми.

Диригент на концертот ќе биде италијанскиот шеф Андреа Солинас кој заклучно со 2020 година е шеф на оркестарот на Државната опера и балет во Самсун (SAMDOB).

Концертот ќе се емитува преку интернет вечерва (11 април, сабота) во 21:30 часот по турско време во ист момент во живо во четири земји преку каналот на Јутуб на Српскиот национален театар, каналот на Јутуб на Државната опера и балет во Самсун (SAMDOB) и на Фејсбук. 



Слични вести