Шон Пен доброволно прави тестови на Ковид-19

Пен учествуваше во тестирањето на граѓаните во Малибу каде што живее и рече дека сите напори се насочени кон брзото остварување на тестовите

1396108
Шон Пен доброволно прави тестови на Ковид-19

Американскиот актер добитник на Оскар Шон Пен заедно со една волонтерска екипа во рамките на борбата против новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) прават бесплатни тестови.

Холивудската ѕвезда Пен заедно со 60-те волонтери на хуманитарната организација Општествено организирана хумана помош (CORE) чиј основач е самиот и пожарникарите на општината Лос АНџелес, почнаа со активностите за спречување на ширењето и рано утврдување на позитивните случаи на заразените од вирусот во регионот.

Пен учествуваше во тестирањето на граѓаните во Малибу каде што живее и рече дека сите напори се насочени кон брзото остварување на тестовите и што побрзо утврдување на заразените. На тој начин може да се спречи непотребната потрошувачка на изворите.

Пен упати повик до сите останати непрофитни организации да учествуваат и дадат придонес во брзото остварување на тестовите Ковид-19.

Заменик-градоначалникот на Лос Анџелес Џеф Горел рече дека напорите на групата „CORE“ заедно со персоналот на пожарникарската организација беа од голема помош во распределбата на товарот на работата на екпите за итна помош.

Организацијата, активностите за борба против епидемијата ги започна на 30 март и од тогаш па се до денес реализира над 6500 бесплатнитестирања и учествува во 4 посеби центри на Лос Анџелес.



Слични вести