Претседателот Ердоган им го честита празникот Пасха на еврејската заедица

Ви го честитам празникот Пасха и ја користам оваа прилика уште еднаш да потенцирам на значењето дека меѓусебната љубов и почит, ја сочинуваат оснивата на мирот и и спокојството во општеството

1394590
Претседателот Ердоган им го честита празникот Пасха на еврејската заедица

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган им го честита празникот Пасха на припадниците на еврејската заедница.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Дирекцијата за комуникации при претседателството беше истакнато дека претседателот Ердоган во пораката рече:

„Ви го честитам празникот Пасха и ја користам оваа прилика уште еднаш да потенцирам на значењето дека меѓусебната љубов и почит, ја сочинуваат оснивата на мирот и и спокојството во општеството“.

Во пораката со честитки што ја објави по повод празникот Пасха кој важи за еден од најзначајните празници на јудаизмот, претседателот Ердоган рече:

„Во период кога нашата земја и целиот свет води беспоштедна борба против епидемијата на Ковид-19, нашиот голем и почитуван народ уште еднаш покажа дека со братсвото и единството може да ги надмине сите пречки. Ја користам оваа прилика да им се заблагодарам на нашите граѓани од еврејско потекло кои изразија поддршка на Кампањата за национална солидарност која ја започваме под слоганот „Турцијо ние сме доволни сами за себе“. Сплотеноста на сите наши граѓани ќе не поведе кон посветла иднина. На сите наши граѓани од еврејско потекло со кои живееме во мир и слога им го честитам празникот и им посакувам многу среќа и го поздравувам од се срце.“



Слични вести