Расте бројот на џамиите во Германија од кои се чита езан

Читањето езан преку звучници во џамиите во градовите во Германија каде што претежно живеат Турци и муслимани ќе трае до 19 април

1392885
Расте бројот на џамиите во Германија од кои се чита езан

Расте бројот на џамиите во Германија во кои се чита езан преку звучници.

Со посебна дозвола на локаланите власти, поради епидемијата од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) со цел да се зголеми моралот на музлиманите, во германскиот град Вупертал преку звучниците на 13 џамии, од кои 8 на Турците почна да се чита езан.

Муслиманскиот свештеник на 29 годишната централна џамија Елберфелд – Мустафа Аккаја, муслиманскиот свештеник на 25 годишната џамија Вохвинкел Мимар Синан – Хасан Хусејин Шен при Секретаријатот за верски прашања на турско-исламската унија (ДИТИБ) и муслиманскиот свештеник на 23 годишната џамија Елберфелд Алперен – Кемал Јавуз при Турската федерација во Вупертал, првпат читаа езан преку звучници.

Читањето езан преку звучници во џамиите во градовите во Германија каде што претежно живеат Турци и муслимани ќе трае до 19 април.

Согласно одобренијата на локалните власти, во околу 100 џамии во поголем број градови во Германија, езанот се читаше за време на петочните и вечерните намази.

Инаку како последица на епидемијата на Ковид-19, во џамиите и другите верски храмови во Германија одреден период беа одложени колективните богослужби.



Слични вести