Уште четири културни вредности на Турција на пат да бидат регистрирани во УНЕСКО

Министерството за култура и туризам се обрати 4 културни вредности од кои една национална и три мултинационални да бидат внесени во списокот на УНЕСКО за нематеријално културно наследство на човештвото

1390820
Уште четири културни вредности на Турција на пат да бидат регистрирани во УНЕСКО

Министерството за култура и туризам се обрати за регистрирање во Списокот на нематеријално културно наследство на човештвото при Oрганизацијата за oбразование, наука и култура на Обединетите нации (УНЕСКО) на четири културни вредности од кои една национална и три мултинационални.

Според објавеното писмено соопштение од Министерството; се доставени до УНЕСКО, Организацијата на Обединетите Нации за образование, наука и култура четири досиеја и тоа како национална вредност за културната вредност „Калиграфија: Исламската уметност на убаво пишување“, а заедно со Азербејџан под модераторство на Турција за „Културата на чај: Симбол на идентитетот, гостопримството и социјалната интеракција“ и за „Занаетчиство и уметност на музички инструменти меј/балабан“, а заедно со Азербејџан, Казахстан, Киргизистан, Узбекистан, Таџикистан и Туркменистан досието за „Традицијата на раскажување на шегите на Насреддин Хоџа“.

Инаку, Турција како земја потписничка на Конвенцијата за заштита на нематеријалното културно наследство меѓу 178 земји потписнички, досега има регистрирано 18 нематеријални културни наследства со што се наоѓа меѓу првите пет земји.

Конвенцијата за заштита на нематеријалното културно наследство ја имаат потпишано 178 земји.

На 15-от состанок на Меѓувладиниот комитет за заштита на нематеријалното културно наследство на УНЕСКО, за кој се планира да се одржи од 30 ноември до 5 декември во Кингстон, главниот град на Јамајка, со додавање на уште две претходно поднесени елементи се очекува бројот на регистрираните нематеријални културни наследства да се зголеми на 20.



Слични вести