Одложен 31. Анкарски меѓународен филмски фестивал

Во објавеното писмено соопштение од Анкарскиот меѓународен филмски фестивал се истакнува дека во рамките на мерките против новиот тип коронавирус (Ковид-19) се одложува фестивалот за кој беше планирано да се одржи од 4 до 14 јуни оваа година

1389977
Одложен 31. Анкарски меѓународен филмски фестивал

Во рамките на мерките против новиот тип коронавирус (Ковид-19) е одложен 31-от меѓународен Анкарски филмски фестивал за кој беше планирано да се одржи од 4 до 14 јуни оваа година.

Во објавеното писмено соопштение од Анкарскиот меѓународен филмски фестивал се истакнува дека за фестивалот чиј процес за пријавување заврши на 25 март аплицираа 1.278 филмови.

Во соопштението се вели дека жирито продолжува да ги разгледува аплицирањата, дека резултатите ќе бидат објавени во наредните денови и дека фестивалот ќе се одржи исто така во наредниот период со тоа што датумот на одржување ќе биде соопштен.



Слични вести