Музчкиот канал на ТРТ, ТРТ Музика започна нов проект за потсетување на значењето да се остане дома

Во рамките на проектот кој започна вчера, музичарите Ајдилге и Утку Бариш Андач одржаа концерт од дома

1387054
Музчкиот канал на ТРТ, ТРТ Музика започна нов проект за потсетување на значењето да се остане дома

Музичкиот канал на Турската радио телевизија (ТРТ), „ТРТ Музик“ во рамките на борбата против новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) започна нов проект за потсетување на значењето да се остане дома. Концертот „Остани дома остани на ТРТ Музика“ (Evde Kal TRT Müzik'te Kal) којшто ќе го одржат музичарите на ТРТ од дома ќе може да се проследи преку адресата на „instagram.com/trtmuzik“.

Во рамките на проектот кој започна вчера, музичарите Ајдилге и Утку Бариш Андач одржаа концерт од дома.

Концертите ќе продолжат и на 30 март понеделник со учество на Ахмет Коч и Џансу Коч, а во претстојните денови се очекува и учество на други музичари и интепретатори.



Слични вести