Денеска е 21 Март Празник на пролетта Невруз

Невруз е нова година и празник на пролетта кој се слави на една пространа географија, го означува будењето на пролетта и стотици години како се слави со исто воодушевување и со исти национални чувства

1382289
Денеска е 21 Март Празник на пролетта Невруз

Денеска со воодушевување го славиме Невруз кој што во голем број земји се прославува како прв ден на новата година и од страна на голем број заедници се прифаќа и оценува како ден кога настапува пролетта, односно го најавува доаѓањето на пролетта.

Невруз е нова година и празник на пролетта кој се слави на една пространа географија од северната до јужната и од западната до источната страна на турскиот свет, го означува будењето на пролетта и од дамнешни времиња се слави со исто воодушевување и со исти национални чувства.

Невруз како ден на радост и воодушевување придонесува во сплотувањето и солидаризацијата на општеството. Тој е едниот од значајните културни вредности со кои располага турскиот народ и кој со пренесување од поколение на поколение пристигнал до денеска.

Нашите коренити традиции како што е Невруз ја покажуваат нашата сила како коренит народ.

Ние исто така се приклучуваме кон прославата и воодушевувањето кои што создаваат возбуда во нашите срца во овој прекрасен ден кој од 2010 година се слави како Празник Невруз и од страна на Обединетите нации (ОН). Посакуваме секој наш ден да помине во убавина на Невруз.

Огнот на Невруз кој што гори илјадници години без притоа да изгасне и во иднина ќе продолжи да се слави во братство, единство и солидарност, со сплотување на луѓето и со она празнично воодушевување, согласно неговото значење.

Честит 21 Март Празникот Невруз, предвесникот на пролетта...



Слични вести