Кефирот, традиционален турски пијалок кој го зајакнува имунолошкиот систем

Кефирот којшто е откриен од страна на Турците кои живееле како номади во Централна Азија, пред 500 години со ферментација на козјото млеко, денеска се троши односно конзумира ширум светот

1381460
Кефирот, традиционален турски пијалок кој го зајакнува имунолошкиот систем

Дали знаете дека кефирот, како еден од традиционалните пијалоци на турската кујна, го зајакнува имунолошкиот систем?

Кефирот којшто е откриен пред 500 години од страна на Турците кои живееле како номади во Централна Азија, со ферментација на козјото млеко, денеска се троши односно конзумира ширум светот. Тој е ферментиран напиток со киселкаст вкус, богат со многу хранливи материи и пробиотици со лековично својство.

Денеска, кефирот се прави т.е. подготвува со додавање на квацес од кефир во млеко од крава, овца или коза.  

Кефирот којшто содржи голем број бактерии со пробиотично својство и потребни хранливи состојки, стотици години се употребува во лекувањето особено на болести на дигестивниот систем, односно системот на варење.

Кефирот ги зајакнува имунолошкиот систем и силата за  отпорност и борба против болести, а воедно располага со антибактериски, антимикотички и антиинфламаторни влијанија. Кефирот може да стане чаре т.е. решение и за хроничниот замор, а помага и во надминување на тешкотии како што се стресот, несоницата и нервната депресија. Ги спречува васкуларната ригидност и мускулните контракции, а ја прочистува и крвта.

Поради позитивните придонеси коишто ги обезбедува за развојот на коските и нивното зацврстување, се препорачува да се конзумира т.е. употребува особено често од страна на децата и старите жени.

Меѓутоа, оние кои боледуваат од болести кои го ослабуваат имунолошкиот систем или болести со имунолошкиот систем пред да конзумираат кефир треба сигурно да се посоветуваат со лекар.
 



Слични вести