Олга Куриленко заразена од коронавирус

Чувајте се грижете се за себе и работата сфатете ја сериозно

1379187
Олга Куриленко заразена од коронавирус

Светско познатата украинска актерка Олга Куриленко рече дека нејзиниот тест на новиот тип коронавирус (Ковид-19) бил позитивен.

40 годишната филмска ѕвезда Куриленко во објавата преку профилот на социјалната мрежа истакна:

„По позитиниот тест на коронавирусот се затворив дома. Во суштина бев болна скоро една недела. Моите симптоми беа висока температура и замор. Чувајте се грижете се за себе и работата сфатете ја сериозно“.

Актерката Олга Куриленко играше во филмот „Quantum of Solace“ (Трошка надеж) на серијалот Џејмс Бонд, „Water Diviner“ (Последна надеж) на Расел Кроу и филмот „Ајше“ заедно со турските актери Јилмаз Ердоган и Џем Јилмаз.



Слични вести