Бозата како еден од најстарите турски пијалоци за којшто се знае и неговите полезности

Бозата чија историја се протега до илјадници години во минатото, е традиционален турски пијалок

1376588
Бозата како еден од најстарите турски пијалоци за којшто се знае и неговите полезности

Дали знаете дека бозата како еден од најстарите турски пијалоци за којшто се знае, има безброј полезности?

Бозата чија историја се протега до илјадници години во минатото, е традиционален турски пијалок. Денеска се конзумира на некогашните османлиски простори и на просторите на Централна Азија. Бозата како пијалок без којшто се не може особено во зимските денови во Турција во основа се принесува заедно со леблебија.

Бозата е пијалок којшто се подготвува од  брашно од просо, вода и шеќер, односно со ферментација на брашното од просо или пченица, шеќер и квасец, и во се претпочита да се конзумира особено зиме.

Во бозата како ферментиран производ има голем број бактерии на млечна киселина. Овие квасци и бактерии на млечна киселина имаат пробиотичко влијание. Благодарение на овие корисни бактерии зајакнува имунитетот и јакне отпорноста т.е. имунитетот на телото. Овие корисни коишто ги содржи бозата ги уништуваат токсичните, алергичните и канцерогенските материи коишто ги внесуваме во нашето тело со храната што ја трошиме.

Бозата е прилично хранлив пијалок којшто воедно дава и енергија. Содржи богати јаглени хидрати и витамин Б. Затоа бозата би можела да им се препорача особено на оние кои сакаат да земат кила, младите кои се на растечка возраст, оние кои чувствуваат истоштеност слабост, оние кои треба да се хранат со висока енергија и оние кои вршат тешка физичка работа.

Бозата исто така е богата и од аспект на витамини А, Б, Е, калциум, железо и фосфор минерали.
Она на коешто треба да се внимава е бозата да се произведува односно подготвува во доверливи и хигиенски услови.
 



Слични вести