Вечер се одбележува светата ноќ Лејлетул Регаиб

Некои денови и ноќи се многу позначајни од аспект на духовните чувства коишто луѓето ги доживуваат поинтензивно

1367299
Вечер се одбележува светата ноќ Лејлетул Регаиб

По повод одбележувањето на светата ноќ Лејлетул Регаиб, претседателот на Секретаријатот за верски прашања Али Ербаш објави порака.

Ербаш во пораката истакна дека почнувајќи од вечер се влегува во духовната атмосфера на светите три месеци кога преовладува благонаклоност, милост, бериќет и простување.

Некои денови и ноќи се многу позначајни од аспект на духовните чувства коишто луѓето ги доживуваат поинтензивно, рече Ербаш и додаде дека на прагот на трите месеци и светата ноќ Лејлетул Регаиб, верниците ќе имаат можност да направат контемплација на одговорноста на целта на создавањето и послушноста, однесувањето и човечките односи, правење пресметка на животот и прочистување на гревовите. Ова претставува многу голема и извонредна прилика.

Од Господ ви посакувам оваа благословена ноќ и трите месеци да донесат единство и луѓето да се насочат кон мир и спокојство, рече Ербаш.



Слични вести