Муслиманите утре вечер ќе ја слават светата ноќ Лејлетул Регаиб

Светата ноќ Лејлетул Регаиб се слави ноќта што ги поврзува првиот четврток и петокот од месецот Реџеп, од трите свети месеци кои се од големо значење за исламскиот свет, а исто така се смета и како „ноќ на милоста и берикетот“

1366559
Муслиманите утре вечер ќе ја слават светата ноќ Лејлетул Регаиб

Муслиманите утре вечер (27 февруари, во четврток вечер) ќе ја одбележат светата ноќ Лејлетул Регаиб (Регаип Кандил) која во исламскиот свет се смета како наговесник на трите свети месециРеџепШабан и Рамазан, исполнети со милост и берикет-изобилство.

Светата ноќ Лејлетул Регаиб се слави ноќта што ги поврзува првиот четврток и петокот од месецот Реџеп, од трите свети месеци кои се од големо значење за исламскиот свет, а исто така се смета и како „ноќ на милоста и берикетот“.

По повод Лејлетул Регаиб од страна на Генералната дирекција за верски услуги при Претседателството за верски прашања ќе бидат организирани различни програми и  манифестации.

Ќе бидат организирани специјални програми, ќе се чита Куран-и Керим и мевлид и ќе се донесуваат салавати во голем број џамии низ Турција како а пример џамијата Миллет во Бештепе во главниот ргад Анкара, џамијата Гедик Ахмет Паша во Афјонкарахисар, џамијата Сабанџи во Адана, џамијата Ејуп во истанбул, џамијата Кампус во Конја и голем број други џамии.



Слични вести