Здравствениот музеј во Едирне изграден во 1488 година бил најдобриот здравствен центар на времето

По наредба на Османлискиот султан Бајезид втори, архитектот Хајреттин во 1484 година изградил здравствен центар во Едирне кој пак во 1993 година е преуреден во Здравствен музеј во склопот на Тракискиот универзитет

1366340
Здравствениот музеј во Едирне изграден во 1488 година бил најдобриот здравствен центар на времето

Дали знаете дека Здравствениот музеј којшто се наоѓа во градот Едирне е отворен во 1488 година по наредба на османлискиот султан Бајезид втори и дека бил најдобриот здравствен центар на времето?

Османлискиот султан Бајезид втори во 1484 година посакал се изгради здравствен центар „дарушшифа“ во Едирне за „оние кои бараат лек за своите поплаки“. По објавениот ферман од страна на падишахот, архитектот Хајреттин без да губи време ги започнал активностите за изградба и го запишал своето име како архитект на ова спомен обележје.

Здравствениот центар „дарушшифа“, во периодот кога бил изграден бил едниот од најдобрите болници во Османлиската држава, а воедно во периодот од 1488 до 1877 година бил едниот од најзначајните здравствени центри кадешто болните (пациентите) барале лек за своите поплаки, односно здравствени проблеми. Според податоците во основачкиот документ, во болницата имало дури и очен лекар т.е. офталмолог.

Во понатамошните години болницата односно шифахането или домот за лекување, почнало да пружа услуга за ментално заболените. Така болните, односно пациентите освен со медицинските знаења и лековите од тоа време биле лекувани и со различни други методи како што биле звукот на водата, со музика, убави мириси и сл. Почнувајќи од 1850-тите години центарот останал запоставен и почнал да ја губи својата функција. Во 1896 и 1910 година на два пати бил поправен и останал да работи вршејќи услуга за ментално заболените се до 1916 година.

Во 1993 година започнаа активности за преуредување на дарушшифа, односно здравствениот центар во Здравствен музеј во склопот на Тракискиот универзитет.

Работите беа завршени во 2000 година, а во 2004 година Здравствениот музеј ја доби наградата „Најдобар музеј на Европа“.
 



Слични вести