Музејот на Мевлана во Конја со рекорден број посетители во 2019 година

Музејот на Мевлана во градот Конја, минатата (2019) година го посетија 3 милиони 4646 илјади лица со што достигнувајќи до најголем број посетители во последните 10 години го собори сопствениот рекорд по посетеност

1362344
Музејот на Мевлана во Конја со рекорден број посетители во 2019 година

Музејот на Мевлана во градот Конја кадешто се наоѓа турбето (гробот) на големиот исламски мислител, хуманист, поет, мистик и суфија Мевлана Џелаледдин-и Руми, кој го привлекува интересирањето на целиот свет, минатата (2019) година го посетија 3 милиони 4646 илјади лица со што достигнувајќи до најголем број посетители во последните 10 години го собори сопствениот рекорд по посетеност.

Музејот на Мевлана во Конја секоја година го посетуваат милиони туристи кои доаѓаат од сите страни на светот и содржи значаен потенцијал од аспект на историскиот, културниот и верскиот туризам. Со овие свои карактеристики, минатата година по Музејот Аја Софија со 3 милиони 464 илјади лица стана вториот најпосетуван музеј во Турција.

Музејот на Мевлана во Конја е посетуван со голема заинтересираност од страна на голем број луѓе од секоја земја ширум светот, а пред се од страна на посетители од Иран, Кина, Тајван, Америка и Јужна Кореја. 

Така во 2010 година го посетија 1 милиони 644 илјади лица, во 2011 година 1 милион 733 илјади лица, во 2012 година 1 милион 565 илјади, во 2013 година 2 милиони 47 илјади, 2014 2 милиони 110 илјади, 2015 година 2 милиони 581 илјада, 2016 година 2 милиони 98 илјади, во 2017 година 2 милиони 480 илјади и во 2018 година го посетија 2 милиони 817 илјади лица.

Во минатата (2019) година пак, Музејот на Мевлана со раст од 23 отсто е посетен од страна на 3 милиони 464 илјади лица со што го достигна најголемиот број посетители во последните 10 години и го собори сопствениот рекорд по посетеност.



Слични вести