Лекувањето со музика кај Турците

Музиката кај античката грчка култура се сметаше како извор на секој вид доблест и се употребуваше во обуката и прочистувањето на духот. Кај Турците пак, различни болести во Централна Азија се лекуваа од страна на музичари Шамани, наречени Бакси.

Лекувањето со музика кај Турците

Дали знаете дека лекувањето со музика се протега во минатото во историјата колку медицината и дека ова лекување било применувано кај бројни формирани турски цивилизации во Централна Азија и потоа во Анадолија?

Музиката кај античката грчка култура се сметаше како извор на секој вид доблест и се употребуваше во обуката и прочистувањето на духот. Кај Турците пак, различни болести во Централна Азија се лекуваа од страна на музичари Шамани, наречени Бакси.

Активностите на музикотерапија во турско-исламскиот свет и применувањето на методите на лекување со користење на музиката особено во болниците, започнаа во 9-от век и со текот на времето се развија.

Во средниот век кога ментално заболените во Западот не се сметаа како болни и кон нив се вршеше измачување, Турците нив ги прифаќаше како болни (пациенти); и им придаваше големо значење на менталното здравје, ментално заболените лица и на нивното лекување.

Ибни Сина, применуваше лекување на менталната болест со музика и неговите применувања и методи продолжија и во Османлискиот период.

Лекувањето со музика е метод на лекување којшто се применува и денеска. Терапијата со музика се користи како помошно лекување во решавањето на проблеми како што се депресијата, стресот, нервозата, нападите на паника, несоницата, губењето на внимание, болките во главата, на вратот, во половината и во мускулите и зглобовите, потоа дијабетисот, хиперактивноста, тешкотиите во учењето и т.н.
 



Слични вести