Кој е проф. д-р Мехмет Чилингиролгу?

Турскиот научник проф. д-р Мехмет Чилингироглу кој живее во САД, го разви методот на оптичка томографија со којшто затнувањето или спазмот на срцевите крвни садови (коронарните артерии) може да се лекува без операција со сечење на телото на болниот

Кој е проф. д-р Мехмет Чилингиролгу?

Дали знаете дека методот со којшто се става крај на бај-пас операција на срцето е развиен од страна на еден турски научник?

Турскиот научник проф. д-р Мехмет Чилингироглу кој живее во САД, заедно со својата екипа го разви методот на оптичка томографија со којшто затнувањето или спазмот на срцевите крвни садови (коронарните артерии) може да се лекува без операција со сечење на телото на болниот.

Уредот за оптичка томоргафија обезбедува мошне детално снимање (прикажување) на внатрешниот дел на вените и може да постави мошне рана дијагноза на ризикот од срцев удар.

Едно друго откритие на доктор Чилингироглу е чипот развиен со метод на нанотехнологија. Овој чит се поставува под кожата врз главната вена во подлактицата. На тој начин, сите податоци на пациентот, анализата на крвта, нивото на јаглерод, шеќерот во крвта, крвниот притисок и дневниот ритам на срцето директно се пренесуваат на мобилен телефон.

Меѓутоа, и покрај сиве овие негови значајни откритија во врска со дијагнозата и лекувањето на болестите, проф. д-р Мехмет Чилингироглу нагласува дека позначајно од тоа е да се зачува или одбрани здравјето, пред разболување. Затоа вели дека апсолутно не треба да се пуши цигари, да се стои далеку од  исхрана од видот на фест фуд, да се претпочита средоземноморската диета. Тој воедно додава дека треба сигурно да се биде во движење, да се вежба и да се присвои позитивниот начин на размислување.
 



Слични вести