Салеп, специјален турски топол напиток кој се подготвува од главички на еден вид орхидеја

Салепот којшто се прави, подготвува од главичките (коренот) на еден вид орхидеја, ѝ се пие зиме топло, ѝ му се додава на познатиот сладолед од Мараш на којшто му придава поразличен вкус.

Салеп, специјален турски топол напиток кој се подготвува од главички на еден вид орхидеја
salep.jpg
salep.jpg

Дали знаете дека салепот којшто е специјален турски топол напиток се подготвува од главички (корен) на еден вид орхидеја?

Кога ќе се рече орхидеја доаѓаат на ум цвеќињата коишто се одгледуваат поготово во тропските области. Меѓутоа, Турција е едната од најбогатите земји во Европа и на Блискиот исток од аспект на орхидеите коишто успеваат природно.

Во Анадолија, на видовите орхидеи претежно им се даваат имиња како што се  „салеп“ или „шалеп“. Зборот „салеп“ е збор којшто потекнува од старите анадолски јазици, и е поврзан со изрази како што се лечење и заздравување или лекување.

Поради тоа што илјадници години како анадолскиот човек од видовите орхидеја произведува салеп, за прехрана и како лек, овие растенија или цвеќиња биле наречени салеп.

На териториите на Турција успеваат приближно 140 видови орхидеи и некаде околу 40 од овие орхидеи се ендемски видови, специфични за анадолските територии.

Главичките (коренот) на орхидејата по име „Dactylorhiza osmanica“, како ендемски вид широко распространети и во Анадолија се нарекуваат салеп или цвет од салеп, Овие главички (корени) се употребуваат во производството на салеп.  Главичките на оваа орхидеја којашто во мај и јуни цвета со црвена боја, во подрачјето на градот Ѓумушхане, се доведуваат во состојба на прав (се мелат), а потоа се вари со млеко и се користи како храна, односно се конзумира како пијалок или напиток.

Прво место кадешто била откриена оваа орхидеја и едно од најзначајните места каде што воедно и успева е населеното место Елбистан кај градот Кахраманмараш.

Салепот којшто се прави, подготвува од главичките (коренот) на оваа орхидеја, ѝ се пие зиме топло, ѝ му се додава на познатиот сладолед од Мараш на којшто му придава поразличен вкус.



Слични вести