Познати добитниците на 92-те филмски награди Оскар

Јужнокорејскиот филм „Паразит“ ги доби наградите  најдобар филм и најдобра режија,наградата најдобра актерка ја доби Рене Зелвегер со филмот „Џуди“, додека главниот актер на филмот „Џокер“ Хоакин Феникс ја доби наградата најдобар актер

Познати добитниците на 92-те филмски награди Оскар
oscar 2020 1.jpg
oscar 2020 2.jpg

На синоќешната организирана церемонија во театарот „Долби“ во градот Лос Анџелес во САД беа доделени 92-те филмски награди Оскар, коишто се едните од најпрестижните награди во светот на кинематографија.

Јужнокорејскиот филм „Паразит“ (Parasite) ја доби наградата  најдобар филм, со што го запиша своето име во историјата на Оскар како прв филм кој ја доби оваа награда, а кој не е на англиски јазик.

Освен тоа режисерот на филмот „Паразит“ (Parasite) Бонг Џун Хо, ја доби наградата најдобар режисер. Истиот филм ги доби и наградите најдобар меѓународен филм  и најдобро оригинално сценарио, со што постигна голем успех.

Од друга страна, наградата најдобра актерка ја доби Рене Зелвегер со филмот „Џуди“ („Judy“), додека главниот актер на филмот „Џокер“ („Joker“) Хоакин Феникс ја доби наградата најдобар актер.

Лора Дерн за улогата во филмот „Брачна приказна“ (Marriage Story) ја доби наградата  најдобра актерка во споредна улога, додека Бред Пит со неговата улога во филмот „Беше еднаш во Холивуд“ (Once Upon a Time in Hollywood) ја доби наградата најдобар актер во споредна улога.

Македонскиот документарец „Медена земја“ („Honeyland“) пак, на режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, кој беше номиниран во категориите за најдобар документарен филм и за најдобар странски филм, не успеа да освои Оскар. Наградата за најдобар документарен филм ја доби „Американска фабрика“ (American Factory) кој е и првиот филм на компанијата на Барак и Мишел Обама.

Другите добитници на награди Оскар се:

- Најдобра филмска музика: „Џокер“ (Хилдур Гуднадотир)

- Најдобра оригинална песна: „(I'm Gonna) Love Me Again“ „Рокетмен“ (Rocketman) (Елтон Џон и Берни Топин)

- Најдобра шминка и фризура: „Бомбшел“

- Најдобро адаптирано сценарио: Таика Ваитити („Џоџо зајакот“ (Jojo Rabbit))

- Најдобра костимографија: „Мали жени“ (Little Women)

- Најдобар визуелен ефект: „1917“

- Најдобра филмска редакција: „Форд против Ферари“ (Ford vs. Ferrari)

- Најдобар директор на фотографија: „1917“ (Роџер Дајкинс)

- Најдобро уредување на звук: „Форд наспроти Ферари“ (Ford vs. Ferrari)

- Најдобро звучно мешање: „1917“

- Најдобар документарен филм: „Американска фабрика“ (American Factory)

- Најдобар краткометражен документарен филм: „Учење скејтбордање во воена зона доколку сте женско“ (Learning to Skateboard in a War Zone If You’re a Girl)

- Најдобар анимиран филм: „Приказна за играчките 4“ (Toy Story 4)

- Најдобар краткометражен анимиран филм: „Хер лов“ (Hair Love)

- Најдобар краткометражен филм: „Прозорецот на соседот“ (The Neighbor’s Window)

- Најдобар дизајн: „Беше еднаш во Холивуд“ (Once Upon a Time in Hollywood)

- Најдобра кинематографија: „1917“



Слични вести