Пораст на бројот на туристите и приходите од туризмот за 9,71 отсто

Лани беше соборен рекордот во историјата на републиката од аспект на бројот на туристите и приходите од туризмот

1355218
Пораст на бројот на туристите и приходите од туризмот за 9,71 отсто

Во периодот од 2015 до 2019 година во Турција беше забележан пораст на бројот на туристите и приходите од туризмот за 9,71 отсто.

Како резултат на постојаниот подем во последните 3 години како од аспект на бројот на туристите така и од аспект на приходите од туризмот, лани беше соборен рекордот во историјата на републиката од аспект на бројот на туристите и приходите од туризмот.

Турција во 2017 година ја посетија 38 милиони 620 илјади туристи и беа остварени приходи од 26 милијарди 283 милиони долари.

Во 2018 година бројот на туристите кои ја посетија земјава изнесуваше 45 милиони 628 илјади туристи и беа остварени приходи оф 29 милијарди 512 илјади долари.

Лани оваа бројка се зголеми на 51 милион 860 илјади туристи и приходите од туризмот изнесуваа 34 милијарди 520 илјади долари.

На тој начин, во 2019 година во споредба со 2015 година беше забележан пораст од 9,71 отсто, додека во споредба со 2018 година раст од 17 отсто.



Слични вести