Легендарниот американски актер Кирк Даглас почина на 103 годишна возраст

Исто така познатиот американски актер Мајкл Даглас на својот официјален Инстаграм профил напиша: „Со огромна тага, моите браќа и јас објавуваме дека Кирк Даглас нѐ напушти на 103 годишна возраст“

1354498
Легендарниот американски актер Кирк Даглас почина на 103 годишна возраст

Светски познатиот американски актер Кирк Даглас почина на 103 годишна возраст.

Синот Кирк Даглас, Мајкл Даглас, кој исто така е познат актер, смртта на неговиот татко ја соопшти на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм.

Мајкл Даглас на својот официјален Инстаграм профил напиша: „Со огромна тага, моите браќа и јас објавуваме дека Кирк Даглас нѐ напушти на 103 годишна возраст“

Светски познатиот актер Кирк Даглас кој беше едниот од најпознатите актери на Холивуд е познат по неговите незаборавни филмови „Спартак“, „Патеки на славата“, „20 илјади милји под морето“ и „Шампион“.

Кирк Даглас 3 пати беше номиниран за Оскар и оваа награда ја доби во 1996 година кога му беше доделен почесен Оскар за животно дело.



Слични вести