Дали знаете дека Истанбул е едниот од најстарите градови во светот?

Истанбул како единствен град на земјината топка кој располага со територија, т.ј. се простира на два континента, се наоѓа ѝ на европскиот ѝ на азисикиот континент

Дали знаете дека Истанбул е едниот од најстарите градови во светот?
İstanbul_02.jpg
İstanbul_03.jpg

Дали знаете дека Истанбул е едниот од најстарите градови во светот?

Истанбул како единствен град на земјината топка кој располага со територија, т.ј. се простира на два континента, се наоѓа и на европскиот и на азисикиот континент.

Истанбул бил престолнина на голем број цивилизации, на Рим, Латините, Источен Рим и Османлиите и е едниот од најстарите градови во светот.

Истанбул е најнаселениот (најголемиот) град на Турција, а исто така се наоѓа и меѓу петте најнаселени, најголеми градови во светот. Со своето над 15 милионско население располага со многу поголем број жители од голем број земји во светот, како што се на пример Белгија, Грција, Тунис, Португалија, па и Северна Македонија и поголемиот дел од балканските земји. Меѓутоа оваа состојба не е ограничена и само со последниот век во кој се наоѓаме. Така, Истанбул се наоѓаше меѓу најнаселените (најголемите) градови во светот и во 1500-тите години.

Истанбул, освен тоа што е едниот од туристичките градови во светот коишто бележат најбрз развој, воедно располага и со карактеристика на еден од трговските центри во светот кои забележуваат најбрз раст.

Во врска со Истанбул постојат безброј преданија или легенди. Едното од тие преданија е во врска со Халич, односно Златниот рог... Како што се раскажува, дното на морето во Халич, Златниот рог, е преполно со злато и затоа Јапонците на времето, само за да би го зеле ова злато предложиле, односно посакале бесплатно да го исчистат Халич.

Можеби резултат на ова предание е и зборот, односно изреката „Каменот и почвата на Истанбул се злато“ којашто почна да се шири и пренесува од уста на уста особено по 1950-сетите години откако градот беше подложен на масовни доселувања.
 



Слични вести